Архитектонски факултет
Студиска програма 2012/2013:
Акредитации:
Зошто да студирате архитектура?
Архитектот е создавач, мислител. Тој креира од почеток, создава уметност. Листот хартија го претвора во зграда која ги чува животите и спомените на луѓето.
Кога студирате архитектура, студирате уметност, историја, инжењерство. Работата на архитектот е да ги надмине своите и границите на современото. Неговата творба остава печат во историјата на цели нации. На Американскиот универзитет на Европа-ФОН Ви го овозможуваме токму тоа! Преку меѓународно акредитирана програма која ја предаваат врвни домашни и странски професори, доаѓате до диплома која ќе Ви овозможи совршена кариера.
Дополнително АУЕ-ФОН има потпишано договор со „Џуџаро Архитектура“ од Милано, каде што се дизајнира и познатото „Ферари“.



