X
притисни ентер »

Едубунту на ТВ

Едубунту на ТВ е проект на Министерството за информатичко општество во реализација на ФОН Универзитет (реализација на проектот).

Емисиите се изработени според книгата Edubuntu Linux & Open Office од С. Арсеновски и Ѓ. Какашевски, и упатствата за Едубунту апликациите изработени од ФОН Универзитет. Тие се наменети за учениците од основното и средното образование, студентите, наставниците, но и за целата јавност и сите оние кои ќе се сретнат со оперативниот систем Едубунту (Убунту) или некој друг Linux систем. Станува збор за 40 краткометражни емисии со времетраење од 15 минути, изработени во најсовремена техника и според најсовремени стандарди за е-учење. Со ова, емисиите освен што ќе бидат прикажувани на ТВ, ќе бидат искористени за дистрибуција и учење и на други медиуми како ДВД дискови и системи за е-учење.

Емисиите се уште еден допринос во користењето и развојот на слободниот софтвер во
Р. Македонија, а за ФОН Универзитет доказ дека е лидер во оваа област и активен учесник во современите образовни процеси во државата.