Со имплементација на проектот на Владата, Компјутер за секое дете, и со имплементацијата на оперативниот систем Едубунту Линукс, се појави реална потреба наставниот кадар во средните училишта да биде квалитетно обучен.
Од сите понудувачи, ФОН Универзитет, со своите 100 обучувачи, како и претходни активности, особено со објавувањето на првата книга за Убунту Линукс на македонски јазик од авторите Арсеновски и Какашевски, беше избран како најдобар понудувач за реализирање на обуките.
На оваа страница ќе се наоѓаат потребните информации и материјали поврзани со проектот.