X
притисни ентер »

Свечено доделување на дипломи и кариерен саем 2025

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека за студентите кои дипломирале во периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, ќе се одржи свечена церемонија за доделување на дипломи, како и Саем за вработување и кариера. Настанот ќе се одржи на 07.05.2025 година (среда), со почеток во 11:00 часот, на Универзитетот.

Висината на надоместокот за диплома:

3.000 денари за студенти од прв циклус на студии;

5.000 денари за студенти од втор циклус на студии.

Уплатата за дипломата потребно е да се изврши најдоцна до 02.05.2025 година.

Студентите кои сакаат да бидат облечени во свечена тога, потребно е да извршат уплата во износ од 1.200 денари.

Потврдата за присуство е задолжителна и треба да се испрати најдоцна до 02.05.2025 година, на следната е-пошта: [email protected].

На денот на доделувањето на дипломите, задолжително е да ги понесете со себе уплатниците за дипломата и тогата.

*жиро-сметка -Комерцијална Банка 300-000-003-207-729

Со почит,
АУЕ-ФОН