X
притисни ентер »

Денот на правосудството

Студентите на Факултетот за правни и политички науки по повод Денот на правосудството, 31 март, реализираше посета на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Студентите остварија средба со Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, како и  со членови на Совет и беа запознати со надлежностите, работењето и активностите на Советот, при што во непосредна комуникација беше покажан голем интерес за работата на Советот, судството и правосудство во целина. На посетата исто така се дискутираше и за иднината на правничката професија, предизвиците со кои се соочуваат младите правници како и можностите за соработка, вмрежување и реализација на студентска пракса. Беше нотирана заложбата на Факултетот за правни и политички науки за обезбедување на квалитетни услови за реализација на практична настава во рамките на највисоките правосудни органи во државава.