X
притисни ентер »

Соопштение за запишување на летен семестар за академската 2023/2024

 

Почитувани студенти,
 
Ве известуваме дека запишување на летниот семестар започнува од 04 Март до 13 Март 2024 година.
 
Студентите се должни целосно да го потполнат семестралниот лист .
 Студентите задолжително на семестралниот лист да го наведат бројот за таксена марка кој преку СМС го добиваат со порака од број 144166.
 
Согласно Договорот за студирање во академската 2023/2024 година, студентите се обврзани навремено да ги подмират и трошоците за школарина.
 
Студентите комплетната документацијата за заверка на семестар да ја достават лично во службата за студентски прашања во периодот од 08:00-15:00 часот најдоцна до 13 Март 2024година.
 

Biljana Manoilova 

Phone: 071/330-013