X
притисни ентер »

Започна процесот на самоевалуација за зимскиот семестар од академската 2023/2024

Почитувани студенти, 

Ве известуваме дека од 06.12.2023 година, започна процесот на самоевалуација за зимскиот семестар од академската 2023/2024 на АУЕ - ФОН. 

Истиот се спроведува преку пополнување на анкетен прашалник за квалитет на наставата. Aнкетниот прашалник се пополнува преку студентскиот е-портал и е задолжителен. Поради тоа, почнувајќи од 6.12.2023 година, при влез во вашиот е-индекс, се активира прашалникот. Полињата за предмет и професор ќе бидат автоматски вчитани, и ќе ги пополните прашалниците за секој предмет одделно.

Анкетата е анонимна и се спроведува врз основа на Законот за високо образование, како составен дел од процесот на самоевалуација. Целта е добиените податоци да се употребат за унапредување на квалитетот на наставно-образовниот процес на Американскиот универзитет на Европа - ФОН.

Ви благодариме на соработката.