X
притисни ентер »

Кандидирање на членови за студентско собрание

Почитувани студенти,

Универзитетското студентско собрание е тело на универзитетот во кое членуваат претставници на студентите.

Универзитетското студентско собрание ги штити интересите на студентите, учествува преку свои претставници во одлучувањето во органите и телата на универзитетот и ги претставува студентите во рамки на високото образование како членови на академската заедница.

Универзитетското студентско собрание е составено од претставници на студентите именувани од редот на претставниците избрани во факултетското студентско собрание.

Доколку сакате да се кандидирате за член на студентското собрание на АУЕ – ФОН, пополнете го Формуларот за пријавување на кандидати за факултетско студентско собрание https://forms.office.com/e/4uY6Y2XtPu

Рокот за пријавување е до 26.11.2023 година.

Со почит, 

Ваш АУЕ – ФОН.