X
притисни ентер »

Предавање од Институтот за сметководители и овластени сметководители на РСМ

Интересно и корисно гостинско предавање од страна на Весна Прентоска, претседател на Институтот за сметководители и овластени сметководители на РСМ, се оддржа на 08.11.2023 година пред студентите на Факултетот за економски науки при Американскиот универзитет на Европа – ФОН на тема “Улогата и значењето на сметководствените информации во процесот на донесување на финансиски одлуки во компаниите”.

Студентите во рамките на интерактивното предавање беа запознаени со: водењето и употребата на сметководството, користењето на информациите од сметководствените извештаи, финансиско планирање, контролингот, буџетирањето, финансиката анализа, управувањето со ризици, како и со носењето на финансиски одлуки во компаниите.

Деканот проф. Д-р Саво Ашталкоски искажа благодарност за соработката и укажа на важноста од отвореност и соработка на институциите на системот и факултетите со цел сите заедно да креираме подобар образовен процес за студентите, со цел да бидат подготвени за предизвиците на идното работно место.

Најавено e потпишување на договор за соработка помеѓу двете институции со кој ќе се интензивира отпочнатата соработка, а циклусот гостински предавања на Факултетот за економски науки продолжува по колоквиумската недела.