X
притисни ентер »

ВТОРА АТЛЕТСКА ТРКА - ФОНОКРОС

Студентите од Американскиот универзитет на Европа – ФОН на 20.10.2023 година учествуваа на атлетска трка, во рамки на наставата по предметите „Спорт и здравје 1/ Спорт 1“, како дел од второто издание на ФОНОКРОС.

 Во машка категорија, најдобар беше Филип Димитриев од Факултетот за Дизајн и мултимедија, на втор место беше неговиот колега Матеј Арсовски, а третото место му припадна на Бојан Петров, од истиот факултет. Во женска категорија, првото место го освои Борјана Коцева  од спортски менаџмент при Економскиот факултет, втора беше Теодора Блажевска од Правниот Факултет, а на трето место заврши Анастасија Серафимовска од Факултетот за информатика.

Одржувањето на атлетската трка ФОНОКРОС има за цел поттикнување на натпреварувачкиот дух кај студентите, тимска соработка и меѓусебна поддршка.