Летно логорување во Струга 2023
Факултетот за спортски менаџмент на Американскиот универзитет на Европа – ФОН во рамките на задолжителната настава и оваа година за студентите реализираше настава во природа-летно логорување во Струга. Во рамките на еднонеделната програма, студентите се запознаа со теоретско - практични основи на техниката, тактиката и организациските правила на спортовите на вода, како кајакот и веслањето. Ова беше одлична можност студентите да ја тестираат својата издржливост низ речен кајак маратон, а почуствуваа и натпреварувачки дух низ студентската регата.
Воедно, изградија капацитети за поставување и демонтажа на камп во природни услови и начин на однесување крај вода со елементи на спасување.
Дополнително, во рамките на летното логорување се потпиша Меморандум за соработка со Веслачката федерација на Македонија, чии гости беа студентите и наставниот кадар од АУЕ – ФОН задолжен за наставата во природа.
Предвидените активности за летно логорување се реализираа благодарение на поддршката и соработката со: Спортски клуб "Соларис" од Струга, Веслачки клуб " Црн Дрим" од Струга, како и Црвен Крст на Град Скопје.
Симулацијата на услови за организација и водење на тим, подготви уште една генерација професори по спорт и физичко образование со успех да го трансферира знаењето на идните нивни ученици.










