X
притисни ентер »

Практична настава за увид и пронаоѓање траги

Студентите на Факултетот за детективи и безбедност присуствува на предавањето организирано од страна на стручни лица при увидна екипа во состав на СВР Скопје, со што се стекнаа со теоретски знаења во делот на вршењето на увид и пронаоѓање и подигање на траги од лице место.

Во рамките на практичната настава, организирана под менторство на проф. д-р. Самир Салиевски, нашите студенти ги посетија и просториите на ОКТИВ во состав на МВР каде директно им беше презентиран начинот на вештачење на траги од лице место и нивната доказна вредност:

 АУЕ - ФОН упатува посебна благодарност до СВР - Скопје и МВР за соработката и можноста за практична настава, бидејќи на тој начин студентите одблиску се запознаваат со работата за која претходно теоретски се едуцираат од врвниот наставен кадар од Универзитетот, но и од искуството пренесено од докажаните професионалци од Министерството за внатрешни работи!