X
притисни ентер »

Посета на КПД-Идризово

Студентите од Факултет за правни и политички науки и од Факултетот на Детективи и безбедност при АУЕ - ФОН остварија посета на КПД-Идризово каде одблиску се запознаа за престојот на осудените лица, условите за издржување на затворската казна, како и третманот на нивната ресоцијализација.

Категоризацијата на пенитенцијарните институции, класификацијата на осудените лица е дел од наставната програма по предметот „Пенологија“ Теоретската настава е основата, но праксата, вежбите, посетите на институциитe и размената на искуства им овозможуваат на студентите да добијат комплетна слика за професијата за која професионално се едуцираат и полесно адаптирање во нивниот иден ангажман.