X
притисни ентер »

Предавање на тема „Ревизија“

На Факултетот за економски науки при АУЕ-ФОН на ден 08.05.2023 година, гостинско предавање одржа господинот Драган Димитров, директор на Друштово за ревизија БДО ДОО Скопје и претседател на Институтот на Овластени Ревизори на РСМ.

Во рамки на ова предавање студентите беа запознаени со  концептите на ревизија, ревизорските тестови, документација и мислења, но и практичните постапки за спроведување на ревизијата и предизвиците и ризиците со кои се соочуваат ревизорите во својата работа. Воедно, господинот Димитров ги запозна студентите и со законската и институционална поставеност на ревизорската професија, Совет за унапредување и надзор на ревизијата, Институтот на овластени ревизори и како и со работата на Меѓународните меродавни тела.

Деканот проф. Д-р Саво Ашталкоски искажа благодарност за предавањето, а поради интересот кој го пројавија студентите најави продолжување и збогатување на соработката во иднина.