X
притисни ентер »

Предавање за дигиталните плаќања и картични производи од Халк банка

На Факултетот за економски науки при Американскиот универзитет на Европа – ФОН на ден 26.04.2023 година се одржа гостинско предавање на тема „Дигитални плаќања и картични производи“ од страна на м-р Атила Селим, директор на дирекција за алтернативни канали на дистрибуција – маркетинг од Халк банка, А.Д. Скопје.

Во рамки на предавањето студентите имаа можност да се запознаат со новитетите во банкарското работење, за начините на кои банкарските институции генерално, како и Халк банка посебно одговорија на предизвиците за дигитализацијата во работењето.

Директорот Селим ги запозна студентите и со практичната имплементација на новите маркетиншки решенија во работењето на банката како и со можностите кои се нудат во делот на картичните производи во насока на подобро задоволување на барањата и потребите на комитентите.

Деканот на Факултетот за економски науки проф. д-р Саво Ашталкоски искажа задоволство што ова предавање предизвика голем интерес кај студентите и најави дека овој тип на соработка ќе продолжи и во иднина со цел студентите да добијат комплетни и сеопфатни знаења во текот на едукативниот процес.