Гостинско предавање од областа на финансиите пред студентите од АУЕ – ФОН
На ден 29.03.2023 на Факултетот за економски науки при Американскиот универзитет на Европа - ФОН, гостинско предавање одржа Симона Томчевска од Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
Во рамки на интерактивното предавање студентите беа запознаени со дел од финансиските инструменти за заштита од ризици кои постојат во нашата држава, како и за финансиските институции кои таквите производи ги нудат.
Деканот проф. Д-р Саво Ашталкоски искажа благодарност за соработката и укажа на важноста од отвореност и соработка на институциите на системот и факултетите со цел подобра и поцелосна информираност на сите за новостите, трендовите, актуелните состојби, но и можностите во нашата економија. Само на тој начин сите заедно ќе креираме подобар едукативен процес за младата популација и ќе овозможиме истата спремно да ги дочека предизвиците на идното работно место.
Циклусот гостински предавања на Факултетот за економски науки продолжува и наредната недела со претставници од осигурителниот сектор.


