Студенти од Факултетот за странски јазици дел од меѓународен преведувачки проект
Група студенти од Факултетот за странски јазици при Американскиот универзитет на Европа – ФОН во рамки на Европската федерација на асоцијации и центри за ирски студии (ЕФАЦИС) учествуваа во меѓународен преведувачки проект од светски рамки насловен како „Литературата како превод“, во чиј фокус беа делата на една од најпознатите современи ирски писателки, Ен Енрајт.
Ова е уште една потврда дека студентите и алумните се најголемите амбасадори и промотори на своите универзитети, бранители на постулатите на сопствената држава на меѓународната академска арена.
Имајќи предвид дека преведувањето е еден од најдобрите начини за анализа на литературен текст, овој проект е искличително важен бидејќи придонесува и за вклучување на студентите во длабинско читање на делата на еден автор.
Избраните преводи на неколку студенти од Факултетот за странски јазици и нивните коментари беа објавени на веб-страницата на проектот, кој што се реализираше во рамки на наставата по книжевност, под менторство на проф. д-р Татјана Срцева-Павловска, а во колаборација со д-р Марија Гиревска, професор на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје која како експерт за ирски студии соработуваше со студентите од Факултетот за странски јјазици при АУЕ -ФОН во рамки на овој значаен проект.
Објавените преводи на студентките Меланија Велиноска, Анастазија Стошиќ и Натали Стеваноска може да се прочитаат на следните линкови: