Организирана атлетска трка „ФОНОКРОС“
Американскиот универзитет на Европа – ФОН организираше атлетска трка „ФОНОКРОС“. На трката учествуваа студентите во чиј избор од студискиот курикулум се предметите: Спорт и здравје 1 и Спорт 1. Трката го поттикна натпреварувачкиот дух кај студентите, соработката и меѓусебна поддршка. За организацискиот дел беа задолжени студентите на Факултетот за спортски менаџмент под менторство на предметните професори на факултетот.
Во однос на постигнатите резултати, најдобар во машка категорија беше Бојан Трпески кој го освои првото место, на второто место беше Илија Пејковски, а третото место му припадна на Мартин Митревски.
Во женска категорија, првото место го освои Анастасија Караџа, второто место и припадна на Станка Џекова, додека на трето место беше Ива Јаковчевска.
Универзитетскиот спорт и понатаму останува приоритет на АУЕ - ФОН.









