X
притисни ентер »

ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРАВОСУДЕН ИСПИТ

Факултетот за правни и политички науки при АУЕ – ФОН организира подготвителна настава за полагање на правосуден испит. Подготвителната настава за полагање на правосуден испит ќе се спроведува во месец септември  2022 година. Целта на обуката претставува подготовка на кандидати за полагање на правосуден испит а ќе се реализира согасно програмата за полагање на правосудниот испит определена од страна на Министерството за правда (Врз основа на членот 5 став (4) од Законот за правосудниот испит („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.190/19)).

Подготвителната настава ќе се одвива во четврток, петок со почеток од 17 часот и во сабота со почеток од 10 часот. Обуката ќе се спроведе доколку има минимум од десет пријавени кандидати.

Предавањата ќе се реализираат од страна на професорите на Факултетот за правни и политички науки по утврден распоред и динамика за секој предмет поединечно. Распоредот ќе биде објавен веднаш после формирањето на групата со вкупен фонд од 80 часа.

Наставата ќе се одвива во просториите на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, - Скопје, ул.  Киро Глигоров 5, 1000 Скопје.

Надоместок за посетување на подготвителната настава изнесува 12 000 денари + ДДВ. Пријавените кандидати ќе бидат известени за начинот и сметката за уплата.

Пријавувањето се врши со достава на следните податоци: име и презиме, адреса на живеење, контакт телефон и електронска пошта, на следната електронска пошта: [email protected]. Подетални информации може да добиете на следнава адреса: [email protected].

Рок за пријавување 20 август 2022 година.