Летно логорување во Струга
Факултетот за спортски менаџмент на Американскиот универзитет на Европа – ФОН во рамките на задолжителната настава за студентите реализираше настава во природа-летно легорување во Струга. Во рамките на еднонеделната програма, студентите покрај спортските, совладуваа животни вештини и иксуства кои треба да ги пренесуваат на генерациите коишто доаѓаат.
Под раководство на наставниот кадар и во соработка со партнерски спортски здруженија, нашите студенти беа вклучени во повеќе мултидисциплинирани активности: веслање, кајак, едрење, подводни активности, кампување и анимациски игри.
Летното логорување, покрај несебичниот ангажман и посветеност на академскиот кадар од АУЕ – ФОН се реализираше со поддршка на спортските клубови од Струга: Едриличарски клуб "Снегар", Веслачки клуб "Црн Дрим", Спортско - рекреативен клуб „Соларис", кои ги отстапија своите материјални и човечки ресурси. Воедно, за безбедноста на кампот се погрижи Црвен Крст на Град Скопје во соработка со Црвениот крст од Струга.
Со практичната работа и реализирањето на летното логорување, спортот им помага на студентите во поставување на нивните цели и стекнување на сигурност во работата. Низ напорната работа се постигнуваат поставените цели, се развива тимскиот дух, се развиваат вештини за решавање на животни предизвици. И она што е најважно, расте самодовербата која во исто време претставува лична награда за остварување на повиски животни цели.
Убедени сме дека стекнатите вештини и знаења, студентите лесно ќе ги трансформираат во нивниот професионален свет по завршувањето на студиите!










