Посета на студенти од АУЕ - ФОН на Единицата за службени кучиња при МВР
Студентите од Факултетот за детективи и безбедност, во рамките на практичната настава, денеска ja посетија Единицата за службени кучиња при Министерството за внатрешни работи. Тие имаа можност непосредно од практичарите да слушнат значајно едукативно предавање за одгледувањето и дресурата на кучиња за различни намени, како и за оспособување на инструктори и полициски службеници за водачи на службени кучиња за потребите на полицијата.
Оваа практична настава, надополнета со теоријата од академскиот кадар, креира врвни професионалци. Затоа АУЕ – ФОН останува избор број 1!



