X
притисни ентер »

Студенти од АУЕ - ФОН на „Трка на поезија во Струга“

Студентите Јасмина Доне, Горазд Божиновски и Хамза Имероски од Факултетот за детективи и безбедност, како и Тео Митевски и Дарко Чинго од Факултетот за спортски менаџмент при АУЕ – ФОН денес настапија на атлетската манифестација "Трка на поезијата" која се одржа во Струга!

Под мотото “Трчаме, рецитираме" уште еднаш потврдивме дека Американскиот универзитет на Европа - ФОН е многу повеќе од високо образование.

Со ваквите активности се зајакнува пријателството, се воспоставуваат цврсти релации меѓу студентите и се градат силни карактери подготвени за сите предизвици!