КОНКУРС
Врз основа на член 57 од Законот за високото образование (Службен весник на Р. Македонија бр. 35/08, 26/09, 99/09, 115/10, 17/11 и 51/11) Ректорската управа на Првиот приватен универзитет - ФОН, распишува:
К О Н К У Р С
за запишување студенти на прв циклус студии во првиот уписен рок во академската 2012/2013 година
- Во прва година на прв циклус студии во академската 2012/2013 година можат да се запишат вкупно 1.200 студенти, на студиски програми на следните факултети во состав на ФОН УНИВЕРЗИТЕТОТ:
- Факултет за правни науки
- Факултет за политички науки и дипломатија
- Факултет за детективи и безбедност
- Факултет за спортски менаџмент
- Факултет за економски науки, на насоките: Финансиски и банкарски менаџмент; Бизнис менаџмент; Маркетинг
- Факултет за дизајн и мултимедија, на насоките: Графички дизајн; Мултимедија; Моден дизајн.
- Факултет за странски јазици, на насоките: Наставна насока-англиски јазик; Бизнис насока-англиски јазик
- Факултет за информатика, на насоките: Општи студии по информатика; Бизнис информатика
- Архитектонски факултет[1]
- За студии во Скопје, кандидатите можат да конкурираат за упис на студии на македонски наставен јазик на сите факултети и насоки од точка 1. За настава на албански наставен јазик кандидатите можат да конкурираат за упис на Факултетот за правни науки, Факултетот политички науки и дипломатија, Факултетот за детективи и безбедност и Факултетот за економски науки.
- За студии во дисперзираното одделение на Универзитетот во Струга, кандидатите можат да конкурираат за упис на студии на македонски наставен јазик на Факултетот за правни науки, Факултетот за детективи и безбедност, Факултетот за економски науки, Факултетот за странски јазици и Факултетот за информатика (само на насоката Бизнис информатика). За настава на албански наставен јазик кандидатите можат да конкурираат за упис на Факултет за правни науки, Факултет за економски науки и Факултет за детективи и безбедност.
- За студии во дисперзираното одделение на Универзитетот во Гостивар, кандидатите можат да конкурираат за упис на студии на македонски наставен јазик на Факултет за политички науки и дипломатија, Факултет за економски науки и Факултет за детективи и безбедност. За настава на албански наставен јазик кандидатите можат да конкурираат за упис на Факултет за правни науки, Факултет за политички науки и дипломатија, Факултет за економски науки и Факултет за детективи и безбедност.
- За студии во дисперзираното одделение на Универзитетот во Струмица, кандидатите можат да конкурираат за упис на студии на македонски наставен јазик на Факултет за правни науки, Факултет за економски науки, Факултет за детективи и безбедност, Факултет за странски јазици (само на Бизнис насока-англиски јазик) и Факултет за информатика (само на насоката Бизнис информатика).
- Кандидатите можат да се изјаснат и за настава на англиски наставен јазик.
- Доколку на одреден факултет или насока на дисперзираните одделенија се пријават помалку од 20 кандидати кои исполнуваат услови за запишување во прва година на прв циклус на студии, Универзитетот има право да не започне со настава на тој факултет, односно на таа насока на студии, а на пријавените кандидати ќе им понуди да се запишат на некоја од другите студиски програми или да студираат на ФОН Универзитетот во Скопје.
- Кандидатите се запишуваат како редовни студенти. Кандидатите кои имаат засновано редовен работен однос или кои поради здравствени причини не се во можност редовно да ја следат наставата, можат да се запишат како вонредни студенти.
- Право на запишување во прва година на прв циклус на студии, во првиот уписен рок, имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование и положено државна матура или меѓународна матура. Право на запишување во прва година на прв циклус на студии, во вториот и третиот уписен рок имаат и кандидати кои положиле училишна матура или завршен испит по завршување средно стручно образование со четиригодишно траење.
- Право на запишување во прва година на прв циклус на студии имаат и кандидатите кои завршиле средно образование пред учебната 2007/2008 година и кои не полагале државна матура.
- Право на запишување имаат и кандидати кои од Министерството за образование и наука имаат нострифицирано странска диплома во ранг на четиригодишно средно образование. Странски државјани може да се запишат на студии под истите услови како и дражвјаните на Р. Македонија.
- Рангирањето на пријавените кандидати се врши врз основа на вреднување изразено во поени за успехот од средното образование и државната матура, односно од училишна матура или завршниот испит. Кандидатите кои имаат завршено средно образование пред учебната 2007/2008 година и кандидатите кои завршиле средно образование во странство, се запишуваат само врз основа на успехот од средното училиште.
- Школарината за една академска година изнесува 2.000 евра и истата се уплатува во денарска противвредност. Школарината може да се уплати еднократно или на рати.
Универзитетот дозволува посебни попусти во финансирањето на студиите за студентите на ФОН кои се во тесна роднинска врска.
Универзитетот ги ослободува од самофинасирање децата без родители.
Уписни рокови
- Првиот уписен рок започнува на 28.04.2012 и трае до 31.08.2012 година.
- Вториот уписен рок започнува на 05.09.2012 и трае до 15.09.2012 година.
- Третиот уписен рок започнува на 20.09.2012 и трае до 30.09.2012 година.
При пријавување за упис потребна е следната документација:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од четирите години на средно образование;
- Извод од матична книга на родени; и
- Уверение за државјанство,
- 4 (четири) фотографии.
Сите документи се доставуваат во оригинал, секој работен ден и Сабота од 08.00 до 20.00 часот.
ПРВ ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТ - ФОН
Скопје, бул. Војводина бр. 5, тел. 02/2 44 55 55/ 2 44 55 05/ 2 44 55 01
Струга, ул. ЈНА б.б., тел. 046/78 50 45/78 50 00
Гостивар, ул. Борис Кидрич бр. 8, тел. 042/55 05 95
Струмица, ул. Елка Јанева б.б., тел. 034/32 02 50
[1] Fakultetot e akreditiran so re{enie br. 15-39/5 od 10.02.2012 godina na Odborot za akreditacija i evaluacija na visokoto obrazovanie, vo tek e postapka za izdavawe re{enie za po~etok so rabota