X
притисни ентер »

„ПРОФЕСОРИ + СТУДЕНТИ“, изложба каде знаењето станува дијалог

„ПРОФЕСОРИ + СТУДЕНТИ“, изложба каде знаењето станува дијалог, а уметноста заеднички простор за создавање. 🎨✨
Во организација на МКЦ – Скопје и Град Скопје, изложбата ги обедини професорите и студентите од факултетите за ликовна уметност и дизајн во Македонија, низ современи визуелни изрази, експериментални практики и свежи авторски перспективи. Изложбата ја актуелизира идејата за уметничкото образование не само како процес на пренесување знаење, туку како континуирана заедничка практика на истражување. Со свои дела се претставија и наставниците од Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН: проф. м-р Стефан Јакимовски, проф. м-р Милош Милосављевиќ, проф. д-р Марија Ветероска и проф. м-р Никола Ефтимов, заедно со студентите Марија Ничевска, Михаил Стоиловски, Тијана Матевска, Мартина Севковска, Пане Досев,Марија Станојовска и Ива Затенко. Изложбата отвора простор за нови идеи, заемно влијание и современ визуелен јазик, каде професорите се активни творци, а студентите носители на новата креативна енергија.
📍 Младински културен центар – Скопје
🗓️ Изложбата е отворена до 1 јуни.