Графички техники“
На последното предавање за академската 2025/26 година по предметот „Графички техники“, студентите на Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН имаа драгоцена можност, своите авторски концепти да ги претворат во вистински графички отпечатоци, преку магијата на класичната техника висок печат. Во време на дигитална брзина и визуелна хиперпродукција, токму допирот со традиционалната графика им овозможи да ја почувствуваат суштината на дизајнот: материјалот, текстурата, притисокот, ритамот на рачната изработка и уникатноста на секој отпечаток. Теоријата оживеа во пракса. Идејата стана форма, а дизајнот, вистинско искуство. Токму затоа, ФДМ не е само факултет. Тој е креативен дом на идните дизајнери, визуелни автори и мултимедијални професионалци кои ќе ја обликуваат естетиката на современото време. Запиши се таму каде што креативноста добива форма на Факултет за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН. Местото каде што идеите стануваат уметност, а талентот, професија.
Направете го вистинскиот чекор кон успешна иднина и одржлива сегашност!
Контакт: info@fon.edu.mk
Тел: (+389) 76 225 544