Посета на печатницата Пропоинт
Студентите од четврта година на Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ - ФОН, во рамки на практичната настава, ја посетија печатницата Пропоинт, каде што се запознаа со техничките процеси и современите методи за изработка на различни видови печатени материјали. Посетата претставуваше значајно практично искуство и можност за директен увид во професионалниот процес на продукција. Голема благодарност до тимот на Пропоинт за гостопримството и за споделеното знаење и искуство.




