X
притисни ентер »

Oбука за заштита и спасување

🚨 Денес на АУЕ-ФОН се одржа основна обука за заштита и спасување, реализирана од страна Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) преку Одделението за обука што е во рамките на Секторот за превенција, планирање и развој, реализирана од предавачите Рамадан Асани и Жаклина Ангеловска.
Преку теоретскиот дел од оваа обука, учесниците стекнаа значајни знаења и вештини за функционална поставеност на Системот за заштита и спасување, пребарување на затрупани лица под плитки урнатини, евакуација и гаснење на почетен пожар и правилно постапување во итни и вонредни ситуации. Во практичниот дел сите учесници во обуката вежбаа гаснење пожар со противпожарен (ПП) апарат од специјализирани типови за такви дејства, при што обуката беше целосно реализирана според оперативните стандардни процедури на ДЗС. Вложувањето во едукација и подготвеност претставува клучен чекор кон создавање посигурна, поодговорна и побезбедна заедница.
Заедно градиме култура на безбедност и грижа!