X
притисни ентер »

Gideon Marks на АУЕ-ФОН – инспиративна лекција за стартапи

Во рамките на клиничката настава, денешен гостин на Факултетот за економски науки при АУЕ-ФОН, беше Gideon Marks, истакнат претприемач, бизнис ангел од Силиконската долина, инвеститор и ментор во рамките на Google for Startups USA.
За време на предавањето, студентите и присутните имаа можност да слушнат практични искуства и корисни совети поврзани со развојот на стартап компании, претприемништвото и привлекувањето инвестиции.
Тој сподели дел од своето богато меѓународно искуство, како и насоки за тоа како младите претприемачи и иноватори можат успешно да ги развиваат своите идеи и да се позиционираат на глобалниот пазар.
Му благодариме за посетата, инспиративното предавање и одвоеното време посветено на нашите студенти.