X
притисни ентер »

Гостинско предавање на Дамјан Михајлов во Факултетот за Дизајн и Мултимедија

Факултетот за Дизајн и Мултимедија во своите простории го организираше гостинското предавање на реномираниот
илустратор, аниматор и стрип автор Дамјан Михајлов. На предавањето студентите од Дизајн и Мултимедија
имаа можност да искусат презентации од работата и авторството на Дамјан Михајлов во проекти како што се анимираните серии Еднооки и Буквождер, стрипот Lucy the Necromancer, како и многу други проекти во областа на Визуелната Уметност. Предавањето е дел од програмата за Стрип, каде секоја година студентите се во можност да запознаат искусен и докажан автор во полето на Стрипот, Анимацијата, Илустрацијата, Концепт Артот итн. Голема благодарност до Дамјан и неговиот ангажман за прекрасното предавање и споделување на своите знаења и искуства!