X
притисни ентер »

АУЕ–ФОН дел од третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители

АУЕ–ФОН дел од третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители

АУЕ–ФОН учествуваше на третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, на тема: „Генерација со визија – Професија со иднина“.
Овој значаен настан обедини експерти, професионалци и претставници од академската заедница, овозможувајќи размена на знаења, искуства и нови перспективи за развојот на сметководствената професија.
Присуството на АУЕ–ФОН претставува уште една потврда за нашата посветеност кон унапредување на образованието, поврзување со практиката и активно учество во креирање на иднината на професијата.