X
притисни ентер »

Посета на Основниот Кривичен суд Скопје 1

Со посетата на студентите на Факултетот за правни и политички науки во Основниот Кривичен суд Скопје 1, се заокружи циклусот од четири недели во кои студентите реализираа клиничка и практична настава. Студените имаа можност практично да се запознаат со кривичната материја преку разгледување на предмети во сите етапи на постапката, присуства на судења, предавања од судиите.
Отворена благодарност до в.д. претседателката на Основниот Кривичен суд, судиите, секретарот на судот како и до стручните соработници за нивната беспрекорната професионалност и подготвеност за унапредување на образовниот процес. Беше чест и привилегија за студентите да се стекнат со практични знаења од докажани и проверени професионалци во правничката фела.