X
притисни ентер »

Глич

На денот кога го чествуваме роденденот на великанот на македонската драматургија, писателот и професор Горан Стефановски, започна снимањето на краткометражниот игран филм, свеж, авторски проект во продукција на АУЕ-ФОН. Развиен од идеја до реализација од студентите на трета година на насоката мултимедијален дизајн, филмот поминува низ целосен креативен процес: од синопсис и сценарио, преку предпродукција и продукција, до финална постпродукција. Зад камерата и предизвикот стои млад, амбициозен тим: Драгана Трифунова, Теа Василева, Иван Најдоски, Мила Младенвска, Филип Димитријев, Дејана Павловска, Мартин Малески, Ивона Јанчевска, Стефан Максимовски, Анастасија Серафимовска и Михаил Стоиловски, под менторско водство на професорот Игор Шокаровски. „Глич“ е повеќе од студентски филм, тоа е креативен експеримент, визуелен наратив и генерациски печат. Премиерата? Почеток на јуни 2026, во рамки на Годишната изложба и проекција на студентски дела на Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН.