АУЕ–ФОН и СУГС „Георги Димитров“ – Скопје потпишаа меморандум за соработка
АУЕ–ФОН и СУГС „Георги Димитров“ – Скопје потпишаа меморандум за соработка.
АУЕ–ФОН, претставуван од директорката м-р Сезен Цаноска, и СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, застапувано од директорот Саша Стоименов, воспоставија соработка со цел унапредување на образовните и стручните активности преку размена на знаења и искуства, како и реализација на заеднички семинари, работилници, курсеви и обуки и спроведување истражувања и проекти од взаемен интерес.
Меморандумот претставува значаен чекор кон зајакнување на меѓуинституционалната соработка и отворање нови можности за едукација, професионален развој и поддршка на младите, како и за понатамошен развој на академската и образовната заедница.
