X
притисни ентер »

Градот како платно, времето како боја

🎨✨ Градот како платно, времето како боја

🎭 Вториот ден не се брои, тој се памети низ линии, се чувствува низ тонови, се дешифрира низ форми. Студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН ја претвораат метрополата во жив семиолошки простор, каде секој потег е знак, а секоја боја, значење.
Во рамките на „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“, улиците стануваат текст без зборови. Контурите шепотат, боите пулсираат, а композициите ја раскажуваат приказната за едно поинакво „сега“. Генерацијата Z не создава само уметност, таа кодира нова реалност, визуелна поезија што се чита со поглед, а се разбира со чувство.

📍 Плоштад „Македонија“ денсе се претвори во знак во просторот и  симбол на творењето.
Место каде талентот свети, идеите се судираат, а инспирацијата го редефинира сегашниот миг.