Развој на критичко размислување
АУЕ-ФОН со гордост го истакнува учеството на нашата студентка и потпретседателка на УСС при АУЕ-ФОН, Ева Мари Митрески, на Zagreb Open Debate Tournament, каде достојно го претставуваше Универзитетот и Република Северна Македонија, заедно со студенти од повеќе универзитети.
Присуството на вакви престижни меѓународни настани ја потврдува посветеноста на АУЕ-ФОН кон развој на критичко размислување, лидерство и академска извонредност кај своите студенти. Продолжуваме да инвестираме во млади лидери кои ги носат знаењето, вредностите и визијата на нашиот Универзитет надвор од границите на државата.