X
притисни ентер »

8ми Март 1926-2026: Што значи ова за нас и за унапредување на правата на жените?

Дискусиите што поттикнуваат промена создаваат основа за напредок!
Денес во просториите на N99 и кампусот на АУЕ‑ФОН се одржа панел дискусијата: „8ми Март 1926-2026: Што значи ова за нас и за унапредување на правата на жените?“🌸
Преку лични искуства, експертиза и отворена дискусија, панелистките споделија важни перспективи за улогата на жените во општеството и идните предизвици. Панел-дискусијата потврди дека родовата рамноправност е заедничка одговорност и континуиран процес што бара активен дијалог и посветеност, а истовремено испрати јасна порака дека поддршката и можностите за жените значат посилно и понапредно општество. Им благодариме на говорничките и на сите студенти и гости кои беа дел од оваа инспиративна средба и придонесоа за значајна и конструктивна дискусија.