Интерактивно предавање посветено на комуникациските вештини
Денес, професорите од скопските средни училишта СГУС „Владо Тасевски“ и СГУС „Димитар Влахов“ беа дел од инспиративно и интерактивно предавање посветено на комуникациските вештини, одржано во просториите на N99 во кампусот на Американскиот универзитет на Европа-ФОН.
Низ инспиративните презентации на проф. д-р Силвана Јовчевска за „Емоционалната интелигенција и градењето на здрави односи со учениците“, на проф. д-р Ирена Ашталкоска за „Наставникот како клучен ресурс меѓу факторите што ги обликуваат перформансите на наставниците и развојниот капацитет на училиштето“ и на проф. д-р Александра Србиновска-Дончевски за „Тимското работење“, учесниците имаа можност да навлезат подлабоко во значењето на современата вербална и тикова комуникација, нејзината моќ да гради разбирање, соработка и професионален раст.









