Меморандум за соработка со СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“
АУЕ–ФОН, предводен од директорката м-р Сезен Цаноска, од една страна, и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ – Скопје, претставувана од директорката м-р Елена Стојанова-Димитров, од друга страна, потпишаа Меморандум за соработка.
Соработката е насочена кон развој и унапредување на образовните и стручните активности преку размена на знаења и искуства, при што се предвидува реализација на заеднички семинари, работилници, курсеви и обуки, како и спроведување истражувања и проекти од заемен интерес.
Меморандумот претставува значаен чекор кон продлабочување на меѓуинституционалната соработка и создавање нови можности за едукација, професионален развој и поддршка на младите, како и за унапредување на академската и образовната заедница.
