Поврзување на образованието и иновациите: Учениците од приватното средно училиште САБА ја посетија Американската Универзитетска Европа – ФОН
Денешната посета на Американскиот универзитет на Европа – ФОН и технолошкиот парк N99 овозможи средношколците од САБА приватното средно училиште одблиску да се запознаат со академската средина, студиските програми и условите за студирање.
Во N99 беа презентирани современи научни и технолошки алатки, вклучително и решенија базирани на вештачка интелигенција. Преку директна интеракција со академскиот кадар, учениците имаа можност да поставуваат прашања и да се информираат за практичната примена на знаењето.
Настанот придонесе посетителите да добијат појасна слика за својата идна образовна насока и за можностите што ги нуди универзитетот.