52. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, Охрид, 29 – 30 август 202
Дел од професорите на Факултетот за странски јазици при Американскиот универзитет на Европа -ФОН земаа учество на Меѓународната научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура со свои излагања на теми од областа на контрастивната анализа, преводната еквиваленција и суштинската улога на лингвистичкиот осврт при толкување на текстови со различни степени на формалност и комплексност.
Овој величествен настан претставуваше исклучително искуство и потврда на научната традиција, долгогодишна меѓуинституцинална соработка, негување на македонскиот јазик и јазичната култура воопшто.
Факултетот за странски јазици и понатаму ќе работи посветено на зачувување и промовирање на македонскиот јазик преку споделување на резултатите од својата континуирана научно - истражувачка работа од областа на лингвистиката и литературата.



