Посета на Агенцијата за разузнавање
На 17.06.2025 година, согласно Меморандумот за соработка со високообразовни институции во РСМ, Агенцијата за разузнавање ја посетија студенти од АУЕ-ФОН.
На студентите им беа одржани предавања за надлежностите и улогата на Агенцијата во зачувување на националната и сајбер безбедноста, како и за современите закани, вклучувајќи сајбер напади и социјален инженеринг. Тие имаа можност да ја разгледаат и музејската поставка со изложени експонати.
Посетата се реализираше под менторство на деканите проф. д-р Татјана А. Балоска и проф. д-р Билјана Стојчевска.

Прочитајте повеќе ОВДЕ!