Меморандум за соработка помеѓу АУЕ - ФОН и Управата за извршување на санкции
📍Денес, на 3 јуни 2025 година, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Американскиот универзитет на Европа – ФОН, претставуван од ректорот проф. д-р Саво Ашталкоски, деканките проф. д-р Татјана А. Балоска и проф. д-р Билјана Стојчевска, како и директорката Сезен Цаноска, и Управата за извршување на санкции, претставувана од директорот Александар Пандов.
🎓 Соработката отвора нови можности за едукација и обука, стручно и научно усовршување, заеднички проекти и истражувања, поддршка во изработка на стратешки документи, и организација на семинари, курсеви и настани од заемен интерес.
🤝 Со овој Меморандум започнува ново поглавје исполнето со конкретни иницијативи, каде што знаењето, едукацијата и искуството стануваат двигатели на позитивни промени.

