Индустриска симбиоза од бизнис перспектива: предизвици и можности
Проф. д-р Аземина Машовиќ од Факултетот за економски науки при Американскиот универзитет на Европа - ФОН учествуваше на работилницата на Работната група 2 од COST акцијата LIAISE (CA22110), насловена „Индустриска симбиоза од бизнис перспектива: предизвици и можности“, која се одржа на 21 мај 2025 г. во Измир, Турција.
Настанот се одржа во Стопанската комора на Измир и понуди богата програма со презентации и дискусии од претставници на универзитети, истражувачки центри, компании и јавни институции. Главната тема беше како индустриската симбиоза и циркуларната економија можат да го поддржат одржливиот развој, не само од еколошка, туку и од економска, социјална и технолошка перспектива.
COST Акцијата CA22110 — Соработка, развој и прекуграничен трансфер на индустриска симбиоза меѓу индустријата и стејкхолдерите (LIAISE) — вклучува претставници од 35 земји. Како претставник на Северна Македонија, проф. Машовиќ е член на Комитетот за управување на Акцијата, член на Core групата, како и ко-лидер и член на Работната група 2.



