ФОНОКРОС
Вредноста на еден настан лежи и во неговата традиција.
Четвртото издание на нашиот ФОНОКРОС се одржа денес во организација на проф. д-р Тања Китановска - Стојковска и проф. д-р Лиза Пантековска, а во рамките на наставата по предметот Спорт и здравје за студентите од прва година на сите студиски програми.
Кросот има за цел да го поттикне натпреварувачкиот дух, соработката и меѓусебната поддршка. Дополнително, кросот испраќа порака дека спортот треба да биде секојдневие за здрав животен стил без разлика на професијата.
На низата на победници од претходните изданија, годинава се придружија Иво Ичокаев во машка и Марија Николов во женска конкуренција и двајцата студенти на студиската програма по графички дизајн.
Останат пласман:
Студенти
Второ место Славољуб Јовановски, студент на детективи и безбедност
Трето место Михаил Трајковски, студент на компјутерски науки
Студентки
Второ место Сара Страторска, студентка на графички дизајн
Трето место Анастасија Србиноска, студентка на бизнис менаџмент
Честитки до сите кои останаа верни на традицијата. Кога сме заедно, секој финиш е победа!













