Меморандум за меѓусебна соработка помеѓу ССКЦ И АУЕ - ФОН
АУЕ – ФОН и Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и здравствени установи (ССКЦ), претставувани од претседателот д-р Предраг Серафимоски, потпретседателот Перо Спиров, како и ректорот проф. д-р Саво Ашталкоски и директорката Сезен Цаноска, потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка.
Соработката опфаќа: едукација, усовршување, обуки и развој на кадар, заеднички организирани семинари, курсеви, истражувања од областите на взаемен интерес, проектни активности, како и учество на саеми.
Универзитетот и синдикатот ја потврдуваат својата заедничка заложба за континуирано квалитетно образование и професионален напредок.
Заедно инвестираме во иднината.
