X
притисни ентер »

Универзитетско првенство во тенис и пинг-понг

Уште еден пласман на АУЕ-ФОН меѓу најдобрите. Илин Станкоски со бронзен медал на Универзитетско првенство во тенис.

Со натпреварите во тенис се заокружија Универзитетските првенства на Македонија во поединечните спортови. Со одлична игра низ квалификациски систем по серија на победи и само поен до финалето, Илин Станкоски, студент по спортски менаџмент го освои бронзениот медал. 
Достоинствени настапи имаа и Никола Томовски, студент по компјутерски науки и Дејан Серафимовски, студент по бизнис менаџмент.

Претходно, студентите Иво Ичокаев и повторно Илин Станкоски имаа настап на Универзитетското првенство во пинг - понг на кое Илин Станкоски стигна до полуфинале.

АУЕ ФОН Универзитет ќе биде со своите студенти и на официјалната презентација на најдобрите во универзитетскиот спорт во Македонија.