X
притисни ентер »

АУЕ – ФОН и ИСОС со нов Меморандум за стратешка соработка во областа на сметководството и образованието

Ректорот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ – ФОН), проф. д-р Саво Ашталкоски и претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСОС), Весна Прентоска, потпишаа Меморандум за соработка насочен кон зајакнување на врската помеѓу академската заедница и професионалниот сектор.

Овој меморандум претставува основа за долгорочна и плодна соработка меѓу двете институции, со цел унапредување на знаењето, професионалните компетенции и примената на стручна експертиза во областа на сметководството и финансиското управување.
Во рамки на соработката, страните се обврзаа да развиваат заеднички активности преку следниве форми:
· Размена на стручна и научна експертиза
· Едукација, усовршување, оспособување и обуки за студенти, кадар и професионалци
· Организирање на конференции, семинари, курсеви и други настани од заемен интерес
· Реализација на истражувачки проекти и анализи од областа на сметководство, финансии и економија
· Експертска поддршка од АУЕ – ФОН при подготовка на стратешки, програмски и други документи за ИСОС
· Ангажирање на експерти од ИСОС во наставниот процес на АУЕ – ФОН, особено во делот на клиничка настава и практична обука
· Учество на Саеми за кариера и други настани за поврзување на студентите со реалниот сектор.
Оваа соработка ќе овозможи студентите на АУЕ – ФОН да стекнат директни и применливи знаења преку практична настава, а професионалците од ИСОС ќе добијат пристап до најновите академски и научни достигнувања, како и можност за заеднички развој на едукативни програми и иницијативи.
Со потпишувањето на овој Меморандум, АУЕ – ФОН и ИСОС уште еднаш ја потврдуваат својата заложба за квалитет, соработка и развој на човечкиот капитал како клучен двигател на економскиот и општествениот напредок.