X
притисни ентер »

Наставен кадар од АУЕ- ФОН на ЕРАЗМУС+ мобилност во Бугарија: Интерактивни предавања за дигитална комуникација и заштита на лични податоци

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 Американскиот универзитет на Европа – ФОН реализираше мобилност на наставен кадар од Факултетот за правни и политички науки.
Проф. д-р Александра Србиновска – Дончевски на тема ,,Деловна комуникација во дигиталната ера”  и проф. д-р Наташа Тодоровскa  на тема „Заштита на личните податоци во дигиталната комуникација“  одржаа интерактивно предавање на студентите од ВУЗФ Универзитет, Институт за осигурување и финансии во Софија, Република Бугарија.
Размената на знаењето и научното искуство  во меѓународната соработка помеѓу образовните институции секогаш придонесува во зајакнување на научните капацитети, но исто така и поттикнува да се произведат висококвалитетни иновативни резултати во образованието.