Развој на Cloud-базирани сервиси со AWS и AI алатки
На факултетот за информатика, под менторство на проф. д-р Билјана Стојчевска, гостинско предавање одржа Никола Лазовски, Senior Software Engineer и Certified Cloud Technologies Architect од kiwi.com, на тема: „Развој на Cloud-базирани сервиси со AWS и AI алатки: Основни концепти, имплементација и практична демонстрација“.
Студентите имаа можност да се запознаат со најновите трендови во cloud-технологиите, практични примери од индустријата и алатки кои се користат во современ развој на софтвер.
Голема благодарност до Никола за инспиративното предавање и корисните споделени искуства!
Погледнете го целиот албум ОВДЕ



