X
притисни ентер »

Работилница за јавно управување

Студентите на Факултетот за правни и политички науки зедоа учество на практична работилницита која ја организира Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамките на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација - фаза 2“ поддржан од National endowment for democracy NED.
Учеството им овозможи на студентите да ги продлабочат своите знаења за важноста на доброто управување, почитувањето на високи професионални стандарди, ефикасни институции и успешност во работењето на јавната администрација. Имаа прилика практично да се запознаат со техниките за пишување на претставки до Народниот правобранител, вмрежувајќи се со студентите од другите правните факултети од државата.
Погледнете го целиот албум ОВДЕ!